Трудовата легислатива и нејзината примена

Опис

Основни информации заобуката

Со учество на слушателите на онлајн обуката на тема Трудовата легислатива и нејзината примена ќе имаат можност да стекнат основно знаење од трудово-правната проблематика. Обуката опфаќа три теми: Општиот колективен договор (ОКД) за приватен сектор од стопанство, Законот за работни односи и Законот за мобинг. 

На обуката ќе бидат разработени правата на работниците од работниот однос нивната положба, мирно решавање на работните спорови и забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство.  Посебен осврт на обуката ќе се даде кон сите значајни аспекти кои ја детерминираат платата и надоместоци од плата, постапка за заштита од вознемирување на работно место, правните механизми за остварување на заштита на вработените од колективни отпуштања, како и суштински елементи на договорот за вработување.

Имајќи во предвид дека предавачите имаат долгогодишно искуство во процесите на креирање на политики на национално ниво во оваа област, во рамки на оваа обуката ќе бидат разработени и одредени сегменти од ЗРО за кои практичната примена се покажала како слаба. Предавачите ќе се обидат да пренесат што е можно повеќе знаење во поглед на практичната примена на ЗРО при што ќе бидат разгледани и специфични прашања и дилеми во насока на давање на соодветни решенија кои се покажале како добар пример за нивно надминување.

Зашто да посетувате онлајн обука за ЗРО

Онлајн обуката овозможува слушателите да добијат знаење за клучните области од ЗРО кои секојдено ги применуваат на ниво на компанија, како и разјаснување на клучни прашања кои се однесуваат на практичната примена на трудовата легислатива. Обуката се состои од три теми опфатени во 9 модули кои даваат јасен преглед на слушателот на обуката за секоја од наведените теми поединечно.

За кого е наменета

Обуката е наменета за лица вработените во компаниите и раководители на правни сектори и сектори за човечки ресурси, лица вработени во посочените и други сектори и одделенија, како и за сите оние кои пројавуваат професионален интерес за предметната проблематика. 

Кои се придобивките

Учесникот на обуката стекнатото знаење можат да го применат на своето работно место. Слушателите на обуката ќе се стекнат со Сертификат за стекнато основно ниво за Законот за работни односи, Колективното договарање и Законот за мобинг. Сертификатот се добива по завршување на сите модули од оваа обука и ќе им користи на слушателите како одлична референца во своето портфолио.

Времетрање на обуката по модули и работни материјали

Обуката за ЗРО има 9 модули кои се во траење од 7 часа и 31 минути. Учесникот потребно е да се најави на Едукативна тренинг платформа на ОРМ и потоа по направената уплата ќе може да ја следи обуката во време кое најмногу му одговара.

Работните материјали ќе бидат достапни во електронска форма.

Цели на учење

Обуката се организира со цел стекнување на темелно (основно) познавање од трудово-правната проблематика односно Законот за работни односи и специфичности на одредени области од трудовата сфера како Општиот колективен договор (ОКД) за приватен сектор од стопанство и Законот за мобинг.


Програма на обуката



ТЕМА: ОКД ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР ОД СТОПАНСТВО

Модул 1: КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ КАКО ДЕЛ ОД РАБОТНОТО  ЗАКОНОДАВСТВО
Времетраење: 1 ч. 32 мин.
Предавач: Ангел Димитов

Модул 2: КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ И ЗРО
Времетраење: 1 ч. 30 мин.
Предавач: Ангел Димитов


ТЕМА: ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

Модул 3: ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС НИВНАТА ПОЛОЖБА
Времетраење: 26 мин.
Предавач: Мр. Љупчо Фармаковски

Модул 4: МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ
Времетраење: 33 мин.
Предавач: Мр. Љупчо Фармаковски

Модул 5: ЗАБРАНА ЗА ОТКАЗ ПОРАДИ БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И РОДИТЕЛСТВО
Времетраење: 17 мин.
Предавач: Мр. Љупчо Фармаковски



ТЕМА: ЗРО И ЗАКОН ЗА МОБИНГ

Модул 6: ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ ОД ПЛАТА
Времетраење: 39 мин.
Предавач: проф. д-р Зоран Михајлоски

Модул 7: ПОСТАПКА ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО 
Времетраење: 33 мин.
Предавач: проф. д-р Зоран Михајлоски

Модул 8: ПРАВНИТЕ МЕХАНИЗМИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЗАШТИТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД КОЛЕКТИВНИ ОТПУШТАЊА 
Времетраење: 41 мин.
Предавач: проф. д-р Зоран Михајлоски

Модул 9: СУШТИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Времетраење: 42 мин.
Предавач: проф. д-р Зоран Михајлоски


Програмска подршка и материјали


Обуките се дигитализирани, со снимен видео материјал. Презентациите се поставени на самиот видео модул. Тестот за проверка на знаење поставен е онлајн и достапен e до слушателите на обуката по завршување на одреден материјал од обуката. 

Дополнителни информации и материјали од областа на ЗРО на веб страната: 

Публикации од областа на ЗРО на следниот линк: 



Предавачи: 



АНГЕЛ ДИМИТРОВ, дипломиран економист, Извршен директор на текстилната компанија АД „МОДА“ Св.Николе и Претседател на Собрание на Организација на работодавачи на Македонија 

Дипломиран економист, кој веднаш по завршувањето на студиите започнува практично да го применува своето знаење во приватниот сектор. Од 1984 година станува Извршен директор на текстилната компанија АД „МОДА“ Св.Николе и Управител на ДОО „Камотекст“ Св.Николе. Своите успеси во текстилната индустрија го бележи речиси 40 години и продолжи континуирано да дава свој придонес во приватниот секторот во Македонија и во странство.

Во 2008 година активно се вклучува во Организацијата на работодавачи на Македонија како член на Управниот одбор и заменик претседател, за да подоцна во 2012 година биде избран како Претседател на ОРМ. Одговорноста на работодавачите во градењето на политиките за развој на стопанството и водењето на социјалниот дијалог на сите нивоа за создавање на подобра работна клима е интерес на секој работодавач и како претседател на ОРМ секогаш бил подготвен да ги слушне барањата на работодавачите. Активен е како претседател и член на Економско социјалниот совет каде дава свој личен придонес кон развој на социјалниот дијалог и градење на заедничките ставови со цел да креираме политики постигнувајќи консензус за општо добро.

Со своето 38-годишно работно искуство во менаџирањето, 10 годишно искуство како претседател на ОРМ како и 4 годишното искуство како пратеник  во Собранието на РМ се уште една потврда за сеопфатното знаење и практичната примена на легислативата во поглед на Законот за работни односи, Законот за безбедност и здравје при работа. Од друга страна како претседател на Собрание на ОРМ директно е вклучен во преговорите со социјалните партнери за Општиот колективен договор како претставник на работодавачите и социјален партнер достоен да го унапредува дијалогот со Синдикатите и со Владата, но и да ја интензивира соработката со останатите партнери во земјата и во странство.






Проф. д-р ЗОРАН МИХАЈЛОСКИ, Доктор на правни науки - Правниот факултет „Јустинијан Први“, катедрра за деловно право, во Скопје, од 14.07.2009 со докторска дисертација на тема: “Правниот статус на деловните лица. Судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови, од 2002  до 2015 година. Председател на специјализиран совет за работни спорови и Раководител на оддел за работни спорови. Постојан едукатор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, по наставните предмети трудово право и парнично право, од 2007 година и Координатор на постојните едукатори  на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, по наставните предмети од граѓанската област. Едукатор на правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на националните работни  законодавства, ноември 2008 година. Вонреден професор на Правниот факулет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје од јуни 2014 година и Координатор и ментор на Докторски студии на Правниот факулет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје од јуни 2017 година. Член на Уредувачки одбор на стручното списание „Правник“. 

Својата прва книга „Колективни договори“ ја објавува со посредство на Агенцијата „Академик“ во 2007 година. Со посдрество на книгоиздавателската куќа „ Спектар“, го објавува својот научен труд  „Правниот статус на деловните лица“ 2010 година. Книгата „Колективни договори - теорија и практика“ ја објавува во 2010 година, преку книгоидавателската куќа „Спектр“. Објавил повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право и тоа: Понуда на нов променет договор пред отказ, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007; Откажување на договорот за вработување од деловни причини, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007; Работно-правниот статус на менаџерите, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007; Аспекти од судската пракса за споровите од работните односи, Деловно право, Здружение на правници на Република Македонија, 2008 година; Колективно договоарање и колективни договори, Судска ревија, Наградување на менаџерите, Судска ревија; Примена на чл.78 од законот за работните односи, Правник; Имплементација на Конвенцијата за заштита од дискриминација на МОТ во националните законодавства, Заклучок од семинар на судии кои постапуваат по спорови од работен однос, Барселона, Шпанија, Октомври 2008; Работните односи во практиката на редовните судови, Деловно право, октомври 2010 година; Партиципација на вработените во управување со друштвото, Судска ревија, 2010 година; Сличности и разлики помеѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ, Деловно право, октомври 2011.

М-р Љупчо Фармаковски, 

М-р Љупчо Фармакоски, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а магистрирал на  Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на отсекот: Менаџмент на човечки ресурси. Учествувал во поготвувањето на закони и бил повереник на истите од областа на организацијата и работата на државната управа; воведувањето на систем за управување со квалитетот и заедничка рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба; државните и јавните службеници; управната постапка; управната инспекција и инспекцискиот надзор; канцелариското и  архивското работење, електронското управување, прописи во врска со заштитата на личните податоци; прописи во врска со воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис , при управување со документи кај буџетски корисници, прописи во врска со азилот и миграцијата, внатрешните работи и интегрираното гранично управување и од областа на работните односи.

Има над 35 годишно работно искуство во органите на државната управа (МВР, Премиерски Кабинет во Владата, Генерален Секретаријат на Владата, Министерство за информатичко општество и администрација), а сега повеќе од 8 години работи во банкарскиот сектор. Потпретседател е на Организацијата на работодавачи за регулатива, колективно преговарање и социјален дијалог-

Поседува Сертификати за: Common assessment framework-CAF/European Institute of public administration; Project Cycle management / European Commission –Europe Aid co-operation office; Performance Assessment  training/ ReSPA-Regional School of Public administration; Management Concepts and Skills for senior civil servants /ReSPA-Regional School of Public administration; Leadership and management/ ReSPA-Regional School of Public administration; Project Cycle Management; Training in the field of legislation and preparation of regulations/OSCE, како и бројни други сертификати од горенаведените области


Цена на обуката


Следење на онлајн обука за еден учесник изнесува ----- денари.

За компаниите кои се членки на ОРМ изнесува ------ денари.

Што ќе научиш
  • применат одредбите од Општиот колективен договор (ОКД) за приватен сектор од стопанство во секојдневото работење

  • ги објаснат видовите на колективните договори, нивната примена и важноста, како и колективните договори кои се однесуваат на договорот за работа

  • применат одредби од ЗРО при постапка за заштита од вознемирување на работно место и мирно решавање на работните спорови

  • имаат основни познавања за правните механизми за остварување на заштита на вработените од колективни отпуштања и забраната за отказ поради бременост, раѓање и родителство

  • ги објаснат начелата и принципите на законот за работни односи

  • препознаат суштински елементи на договорот за вработување и плата и надоместоци од плата, како и правата на работниците од работниот однос нивната положба


За кого е наменета обуката
  • Обуката е наменета за лица вработените во компаниите и раководители на правни сектори и сектори за човечки ресурси, лица вработени во посочените и други сектори и одделенија, како и за сите оние кои пројавуваат професионален интерес за предметната проблематика.

За организаторот

Организатор
Име : Организација на работодавачи на Македонија
Рецензии : 5 Рецензии
Студент : 102 Студенти
Курсеви : 13 Курсеви

Рецензии

0
Базирано на 0 Рецензии
1 ѕвезди
2 ѕвезди
3 ѕвезди
4 ѕвезди
5 ѕвезди